На две кола пред крајот на основниот дел од Евролигата, интересна е анализата на порталот Баскетњуз кој објави кои тренери добиле најмногу технички грешки оваа сезона.
Интересно е тоа што на врвот се наоѓа шефот на стручниот штаб на Валенсија, Алекс Мумбру со дури 11 јавни опомени. Зад него се Одед Каташ од Макаби, Рожер Гримау од Барселона, Ергин Атаман од Панатинаикос и Џанмарко Поцеко кој го водеше Асвел, но мора да се има предвид дека Италијанецот беше во Евролигата само три месеци.
Интересно е тоа што Жељко Обрадовиќ, кој често влегува во конфликт со судиите има само три технички грешки. Ваквиот редослед не мора нужно да значи дека тренерите со најмногу технички грешки се и најнервозни, туку дека станува збор за стручњаци со помал авторитет кај судиите.


