Уште во текот на натпреварот против Сплит, Жељко Обрадовиќ беше евидентно разочаран од играта на своите навивачи, а тоа го потврди и на прес-конференцијата по натпреварот.
Партизан доживеа пораз со што во опасност си го доведе второто место на табелата во АБА лигата.
„Му честитам на Сплит на апсолутно заслужената победа. Играше неспоредливо подобро од нас. Јас прво треба да им се извинама на сите кои дојдоа и го гледаа ова неверојатно лошо издание на мојата екипа. Знаевме дека пред нас е серија тешки натпревари и размислував дека е можност да одморат двајца кошаркари – Пантер кој имаше голема минутажа досега и Доузер кој има повреда на ногата. Уште еднаш им се извинувам на сите навивачи на Партизан што имаа можност да гледаат вакво издание, чувствува голем срам“, изјави Обрадовиќ.


