Играчот на Партизан, Џејмс Нанели нема да биде дел од тимот на вечерашниот натпревар против Црвена Звезда поради инцидентот што денеска го предизвика со противничкиот кошаркар Стефан Лазаревиќ.
Американецот не е казнет од АБА, туку таква одлука донел тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ. На два часа пред почетокот на натпреварот, Нанели беше во салата, со полна опрема и се загреваше, но до последен момент не се знаеше дали ќе заигра.
По опсежни консултации, сепак е донесена одлука тој да не настапи на овој меч. Така, Партизан на третиот меч ќе биде со само 11 играчи, а во составот ќе ги нема ни Огњен Јарамаз и Балша Копривица.


