Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ не го криеше своето воодушевување од начинот на кој клубот ја организира церемонијата за претставување на тимот за новата сезона.
Тој им се обрати на присутните, заедно со капитенот Вања Маринковиќ и претседателот Остоја Мијаиловиќ и призна дека се чувствува фантастично.
„Мислев дека се сум поминал, се сум видел… како да не. Прекрасно, ги поместуваме границите. Уште еднаш сакам да им се заблагодарам на сите кои учествуваа во организацијата на оваа прекрасна вечер.
Повторно ќе имаме еден од најмладите тимови во Евролигата, просекот на сите овие играчи изнесува само 25 години, а сепак тоа е искусен и квалитетен состав. Идната година ќе се обидеме да добиеме лиценца на три години“, рече Обрадовиќ.
Тој имаше и хумористична порака за кошаркарите на Партизан, кои главно се нови играчи и првпат ќе го облечат „црно-белиот“ дрес.
„Добродојдовте во Србија, Белград и нашиот клуб Партизан. Ако имате нешто добро да кажете, дојдете кај мене. Ако се жалите на нешто, тука ви е претседателот“, ги насмеа присутните деветкратниот европски шампион.


