Партизан се согласи по пауза од две години да заигра во Кошаркарската лига на Србија (КЛС), но таму екипата нема да може да ја води тренерот Жељко Обрадовиќ.
Причина за тоа е суспензијата која важи од пред две години кога Партизан првпат ја бојкотираше КЛС при што беше и парично казнет. Пред две години одби да игра затоа што Звезда имаше предност на домашен терен врз основа на подобриот пласман во АБА лигата, а лани бидејќи задоцни со пријавата.
Казната за тоа ја одби Обрадовиќ, па на натпреварите од српскиот шампионат тој нема да биде на клупата.


