Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ имаше жесток судир со новинарите по денешниот пораз од Олимпија Милано во десеттото коло од Евролигата.
Една од нив го праша деветкратниот европски првак дали овој неуспех значи простување со шансите за пласман во плејофот со што останатиот дел од сезоната би значеле „чесно простување“ од Евролигата. Обрадовиќ буквално полуде по ова прашање и упати жесток одговор.
„Ако вие велите дека е така, што да кажам. Се разбира дека нема да се согласам со вас, можеби некој друг би направил така, но јас сум последен кој би го сторил тоа. Ми дадовте екстра мотивација, не само поради вашите зборови, туку затоа што има и други луѓе кои мислат така. Зарем во десеттото коло да се откажам? Не морам да ви објаснувам кој сум и што сум, во себе никогаш не сум се сомневал. Ќе видиме на крајот каде ќе биде бидеме, но сигурно скапо ќе ја продадеме кожата“, рече, меѓу другото, Обрадовиќ.
По десет кола Партизан има биланс 2/8 и се наоѓа на делба од 16. до 18. позиција на табелата во Евролигата. Разликата со екипите кои се во плејин зоната изнесува три победи.


