Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс повеќе не е играч на Панатинаикос откако денеска атинскиот клуб објави дека ја прекинува соработката со него.
Американецот со македонски пасош имаше договор и за претстојната сезона, но одамна се шпекулираше дека најверојатно ќе си замине ова лето. Разделбата со најтрофејниот грчки клуб се случува само еден ден откако Панатинаикос го претстави Жељко Обрадовиќ како нов тренер на екипата.
Thank you @TjShorts5! 💚
You left everything on the floor and made every moment special.
Wishing you all the best on your next chapter! 🙏
Once a green, always a green! ☘️#paobcaktor pic.twitter.com/5X8uuupcKc
— Panathinaikos BC (@Paobcgr) June 23, 2026
Иако уште не е официјализирано, многу веројатно нов клуб на Шортс ќе биде Валенсија која претстојната сезона ќе остане без својот најдобар играч Жан Монтеро.
Во својата единствена сезона во ПАО, плејмејкерот освои само еден трофеј и тоа во Купот на Грција, а често беше цел на критики на тренерот Ергин Атаман. Покрај Шортс, од Панатинаикос денеска официјално си замина и центарот Кенет Фарид.


