Како што одминува времето, се помали се шансите Жељко Обрадовиќ да се врати на клупата на Партизан и да го води белградскиот тим.
Информации полека протекуваат од функционери во клубот и иако се неофицијални, може да се заклучи дека атмосферата таму е многу лоша. И српските медиуми вчера објавија дека Обрадовиќ има проблем со најмалку петмина кошаркари, меѓу кои најголем проблем се Тајрик Џонс и Џабари Паркер. Овој вториот е најплатен играч не само оваа сезона, туку во историјата на клубот и тешко е да се замени или избрка, со оглед на тоа што има важечки договор.
Но, дополнителен проблем за Обрадовиќ е тоа што и неговото здравје е нарушено поради стресот и фактот што се наоѓа во 66. година од животот. По 35 години тренерска кариера, смета дека не е паметно да почнува од почеток и да се враќа, поради што од минута од минута, тој е се подалеку од клубот.
Последните информации кои ги објави Спортклуб се дека Обрадовиќ си ги земал работите од својата канцеларија што е веројатно уште една потврда дека за него нема враќање.


