Главна вест последните денови во европската кошарка беше оставката и заминувањето на Жељко Обрадовиќ од Партизан на средина од сезоната, што се случи за прв пат во неговата 34-годишна кариера.
По еднонеделен молк, деветкратниот стручњак денеска излезе во јавноста и објасни зошто и под кои околности е донесена таква одлука, која навистина ја потресе целата кошаркарска заедница.
Обрадовиќ ги извади во јавноста сите валкани работи кои ги имало во Партизан, сите проблеми со кои се соочувал, како во однос на трансферите, така и при соработкаѕа со челниците.


