По прес-конференцијата на која веќе ги нападна своите играчи, Жељко Обрадовиќ се обрати пред камерите на српските телевизии каде беше уште пожесток отколку во неговото официјално обраќање, нагласувајќи дека причините за толку лошите резултати за Партизан се сосема јасни и лежат во играчите.
„Го почнавме мечот на неприфатлив начин, изгледавме срамно. Играчите се ненормални, треба да се прашаат што прават. Голем број луѓе доаѓаат да ги поддржат и заслужуваат да видат тим кој ќе се бори и ќе покаже желба. Причините се едноставни, играчите не размислуваат за играта, кога влегов во соблекувалната пред натпреварот, сите беа на своите телефони. Се обидов да ги кренам, да направам замени за време на натпреварот. Не знам повеќе како да реагирам. Не само што сум разочаран, туку немам зборови за тоа колку лошо се чувствувам“, продолжи Обрадовиќ, „дишејќи оган“.
За Партизан ова беше петти пораз во последните шест кола и вкупно седми оваа сезона во Евролигата.


