Неколку месеци во Грција се шпекулира дека Жељко Обрадовиќ ќе се врати на клупата на Панатинаикос, а шпекулациите се засилија вчера, откако грчкиот вицешампион се раздели со Ергин Атаман.
Утрово повторно грчките медиуми пишуваат за можно враќање на деветкратниот европски шампион во Атина. Според „Газета“, Жељко Обрадовиќ деновиве ќе пристигне во грчката престолнина на преговори со „зелените“ и нема сомнение дека евентуалниот потпис би бил вистинска детонација во европската кошарка. Според истиот извор, Жељко Обрадовиќ е подготвен да се врати во кошарката и дека сè зависи од Димитрис Јанакопулос, контроверзниот сопственик на Панатинаикос, кој ќе го има последниот збор по преговорите.
Панатанаикос се сеќава на златните денови под водство на Обрадовиќ и титулите освоени од 1999 до 2012 година, кога ја напушти тренерската позиција.
Епилогот од преговорите меѓу 66-годишниот Обрадовиќ и Панатинаикос ги очекуваат уште два други клуба чии имиња засега не се обелоденети, но кои исто така би сакале да го видат српскиот стручњак кај себе.


