Црвена Звезда се наоѓа во серија од три победи во Евролигата, низа која коинцидираше со заминувањето на претходниот тренер Јанис Сферопулос.
Една победа е остварена со привремениот предводник на тимот Томислав Томовиќ, а другите две со новиот шеф на стручниот штаб Саша Обрадовиќ кој ги совлада дотогаш непоразениот Жалгирис и потоа најтрофејниот клуб во Евролигата, Реал. Сепак, искусниот стручњак не сака да ги преземе заслугите и дел од нив му припиша на својот претходник.
„Сферопулос направил одлична селекција. Пред се е невозможно и јас не сум еуфоричен лик за да кажам дека се се променило откако дојдов. Важно е да знаете како да ги соберете играчи и тоа е најголемата тајна на тренерската работа. Тактиката можеш да ја научиш, но мора да ги почувствуваш играчите и да ги ставиш на добри позиции“, изјави Обрадовиќ.
Звезда има шанса да ја продолжи победничката серија бидејќи во следното коло ја пречекува најслабата екипа во Евролигата оваа сезона Басконија, единствена која е без триумф во досегашните пет кола.


