Тренерот на Монако, Саша Обрадовиќ го испофали Мајк Џејмс за неговата работна етика и покрај тоа што многумина имаат спротивно мислење за него.
Џејмс утре би можел да стане најдобар стрелец во историјата на Евролигата, а Обрадовиќ тврди дека сето тоа е плод на желбата за работа.
„Мајк Џејмс е како Дражен Петровиќ, работохолик. Работи повеќе од сите останати и затоа е тоа што е. Дури и ако некогаш излезе вечер пред натпревар, кога ќе излезе на теренот тоа не може да се забележи. Нема многу играчи како Мајк“, тврди Обрадовиќ.
Предводен од Џејмс, Монако во моментов е во серија од шест победи и на четвртата позиција на табелата во Евролигата.

