Шампионот на Македонија, МЗТ Скопје го доживеа првиот пораз во новата сезона во АБА 2 лигата откако вечерва загуби на гостувањето кај Сутјеска со 77-83.
Кобно за тимот од Аеродром беше лошото второто полувреме во кое ја загуби предноста од одличниот прв дел на мечот. Во воведните 20 минути, МЗТ Скопје имаше гранитна одбрана и прими само 27 поени, додека во второто полувреме Сутјеска правеше буквално што сака и постигна 56.
Македонскиот првак водеше безмалку цело прво полувреме, а најдобрата игра ја прикажа пред неговиот крај кога со серија од 7-0 направи предност од девет разлика (32-23). На голем одмор се замина со 37-27, а највисоката предност МЗТ Скопје имаше во 22. минута кога поведе со 44-31. Така се играше до финишот од третиот период, а потоа почна кризата во играта на нашиот претставник.
По 47-58, Сутјеска направи серија од 9-0, МЗТ одолеваше извесен период, а потоа со уште една серија од 8-0, домаќините отидоа на 70-64. Аеродромци подоцна се доближија на 69-70, уште еднаш имаа негатива од еден посед, но не успеаја да направат пресврт.
Мак Смит со 20 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје, Мекејден постигна 15, а Гил 14. Во третото коло, на 5 ноември, МЗТ Скопје го очекува уште едно гостување, но во Бања Лука, кај екипата на Студент кој е дебитант во ова натпреварување.


