Hoops & Heritage од Њујорк организира интернационален кошаркарски камп во Скопје, со учество на реномирани тренери од САД и Европа и програма поврзана со една од најпрестижните младински кошаркарски организации во САД.
Кампот ќе биде предводен од Џамал Вомак, директор во New York Renaissance, поранешен НЦАА 1 како играч и тренер со големо искуство во развој на млади кошаркари. Токму неговото искуство и работата со млади таленти се директно поврзани со играчи кои денес стигнуваат до највисокото ниво на кошарката, па затоа инспирација за младите доаѓа и од НБА финалето, каде што настапија Дилар Харпер и Хозе Алварадо, кои се дел од програмата на New York Renaissance.
Заедно со него ќе работи и Ајра Милер, тренер за развој на играчи во рамки на НБПА (National Basketball Players Association), NBA Basketball School и Basketball Without Borders.
Како тренери и гости на настанот ќе бидат присутни и македонски тренери, како и тренери од Европа со богато кошаркарско искуство. Њујорк деновиве е во центарот на вниманието на светската кошарка поради титулата во НБА која ја освоија Никс.
„Задоволен сум од интересот на младите кошаркари за кампот кој треба да се одржи во Скопје. Планирано е да има најмалку 60 играчи од Македонија кои ќе бидат поделени во четири групи, а како демонстратори ќе работат и македонски тренери со кои имаме подолга соработка. Веќе имаме искуство од зимскиот камп што се одржа во ‘Јане Сандански’ и верувам дека сега ќе одиме и едно скалило погоре“, изјави носителот на прегледот Горан Зинзировски.
Младите кошаркари ќе имаат можност да тренираат според американски и европски методологии, да ги усовршат своите вештини и да се претстават пред тренери и програми кои отвораат врати кон нови кошаркарски и академски можности.
🏀 Организатор: Hoops & Heritage
📞 077 967 065
Тренирај. Напредувај. Покажи се. 🏀🔥
ПР Текст


