Довчерашниот играч на ТФТ, Дерин Говенс официјално е нов играч на Работнички како второ воопшто, а прво странско засилување за 15-кратниот шампион на Македонија.
Иако има 38 години, Американецот е еден од најдобрите странци кои настапувале во македонското кошаркарско првенство и носител на успесите на ТФТ последните две сезони. Со него во тимот, екипата од Тафталиџе во 2025 година првпат во историјата играше во финалето од домашното првенство, а сезонава дојде до финалето во АБА 2 лигата.
Освен во ТФТ, Говенс во својата кариера играше и во поранешниот европски шампион Лимож, како и во уште неколку француски, потоа руски, унгарски, израелски и исландски клубови. Покрај американското, има и унгарско државјансвтво, а во 2017 година беше прогласен за МВП на сезоната во шампионатот на Унгарија.
Покрај Говенс, Работнички летово се засили и со довчерашниот играч на Чаир, Фатјон Реџа, а во најава се најмалку уште две засилувања.


