Екипата на Макаби Тел Авив го победи Панатинаикос со 75-71, во рамките на 24. коло од Евролигата.
Домаќините победија по голема драма во последните минути од натпреварот. Панатинаикос имаше два шута за продолжение, прво на Костас Слукас, потоа на Џеријан Грант, но ниту еден од нив не беше прецизен. На крајот, Лундберг дојде до топката и беше фаулиран за два пенала. Ги погоди двата, што беше доволно за Макаби да дојде до водство од два поседа (75-71) и да победи.
Тимот од Израел до победата го предводеше Ифе Лундберг со 16 поени, по него следуваше Тамир Блат со 15 поени, додека Роман Соркин постигна 13 поени со осум скока и три асистенции. Кај Панатинаикос најефикасен беше Грант со 14 поени, но најдобар во тимот беше македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој постигна 13 поени, седум асистенции, три скока и три украдени топки за индекс 18. Ова беше одличен одговор на Шортс на критиките кои постојано ги добива од тренерот Ергин Атаман, а кулминираа со неговото неиграње на дуелот против Басконија пред два дена.
Патанаикос е на осмото место во Евролигата со биланс 14/10, додека Макаби е 14. на табелата со 9/14.


