дМакедонската кошаркарска репрезентација има двоцифрено водство по 20 минути игра во дуелот со Луксембург на домашен терен.
Резултатот на голем одмор е 44-32 за нашиот национален тим кој очигледно сериозно си ја сфатил работата и не се опушта и покрај фаворитската улога. Се игра одбрана по цел терен, противникот е запрен во нападот за што најдобра потврда е тоа што најефикасниот играч на Луксембург во овие квалификации, Бен Ковач постигна само два поена.
Кај нас, први имиња се Андреј Јакимовски и Виктор Ефремовски кои постигнаа безмалку половина од поените, Јакимовски е најефикасен со 11 поени и покрај тоа што се мачи со шутот за тројка (0/4), додека Ефремовски постигна три тројки од шест шута и во моментов е на десет поени.


