Новиот македонски репрезентативец Дивејн Стјуарт официјално е нов член на Басконија, објави утринава баскискиот клуб.
Довчерашниот играч на Олимпија Љубљана потпиша двегодишен договор и ќе биде одлично засилување за шпанскиот прволигаш кој се натпреварува и во Евролигата. За официјализација на договорот се чекаше Стјуарт да добие македонско државјанство бидејќи така нема да фаќа место за странец, односно неевропски кошаркар.
✍️ Dewayne Stewart Jr, primera pieza del nuevo Kosner Baskoniahttps://t.co/hpBQKBlFLP
— Kosner Baskonia (@Baskonia) June 28, 2026
Ongi etorri, DJ! 🔵🔴 pic.twitter.com/ybP1x9QapJ
Стјуарт има фантастична сезона за себе, со Олимпија играше на четири фронта, а ја освои двојната круна во словенечката кошарка, играјќи притоа и во АБА лигата и Еврокупот. Настапот во Басконија ќе му овозможи првпат во кариерата да заигра во Евролигата што со своите досегашни игри апсолутно заслужи.
Пред да му се придружи на својот нов клуб, Стјуарт ќе дебитира за македонската репрезентација во претквалификациите за Европското првенство, на 2 и 5 јули против Ирска и Луксембург, додека е неизвесно дали ќе може да игра во августовските дуели.


