Ако досега беше на чекање, од денеска е официјално – македонската кошаркарска репрезентација ќе ја отвори новата сала во Градски парк со дуелот против Луксембург в петок.
Објектот се реновираше претходните 18 месеци, желбата беше да се отвори на почетокот од оваа сезона, потоа процесот се пролонгира до декември, но дефинитивно ќе биде отворен на 27 февруари. Со тоа, националниот тим ќе се врати во Градски парк по пауза од две децении.
Ова значи и дека Работнички во иднина своите натпревари како домаќин ќе ги игра во Градски парк.


