Десетина дена по почетокот на новата сезона, Црвена Звезда ја прекина соработката со грчкиот стручњак Јанис Сферопулос.
Такво нешто се најавуваше претходните денови, но клубот официјално се огласи попладнево, со информација дека екипата ќе добие нов тренер. На раскинот на соработката кумуваа лошите резултати од почетокот на сезоната, односно трите порази во период од неполна недела, два во Евролигата и еден во АБА, на домашен терен од Задар.
Након заједничког састанка председника клуба Жељка Дрчелића, генералног менаџера за спортски сектор Милана Томића, менаџмента клуба и досадашњег тренера Јаниса Сферопулоса, донета је одлука да господин Сферопулос неће више обављати функцију тренера првог тима нашег клуба.
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) October 9, 2025
Ова… pic.twitter.com/jjJ8EuZ2RX
„По заедничкиот состанок на менаџментот на клубот и Јанис Сферопулос, донесена е одлука тој повеќе да не ја извршува тренерската функција во првиот тим. Оваа одлука е со една цел која ја имаа двете страни – дека во овој момент е во најдобар интерес на Црвена Звезда“, стои, меѓу другото, во соопштението на белградскиот клуб.
Последните информации од Србија се дека на утрешниот натпревар против Фенербахче во Истанбул, екипата ќе ја води досегашниот помошник Томислав Томовиќ, а за наследник на Сферопулос наскоро ќе биде промовиран Саша Обрадовиќ кој ќе го преземе тимот по враќањето од Турција.


