Шпекулациите од претходните денови денеска добија потврда откако искусниот стручњак Саша Обрадовиќ е назначен за нов тренер на Црвена Звезда, на местото на Јанис Сферопулос.
Обрадовиќ, практично, се враќа во клубот во кој беше тренер во 2020 година, но и во кој ја почна својата играчка кариера во 1987 година и чиј дрес го носеше вкупно пет години во три наврати.

„Обрадовиќ добар дел од својата играчка кариера помина токму во Црвена Звезда, а во текот на пандемијата, во 2020 година беше тренер. Претходниот клуб што го водеше, Монако со него првпат во клупската историја влезе во плејофот од Евролигата, а во 2023 година стигне и до Ф4. Добредојде, Саша“, напиша Црвена Звезда.
Нови тренер нашег првог тима од данас је и званично Саша Обрадовић, некадашњи првотимац и тренер нашег клуба.
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) October 11, 2025
Обрадовић је, велики део играчке каријере провео управо у Црвеној звезди за коју је играо у три наврата, а током пандемије ковида 2020. године био је и тренер… pic.twitter.com/lW8XYOHQRu
Белградскиот клуб е слободен во второто коло од АБА лигата, па Обрадовиќ утре ќе го одржи првиот тренинг со тимот. Звезда е во одлично расположение откако вчера го совлада европскиот шампион Фенербахче, а Обрадовиќ ќе дебитира во вторник на домашен терен против единствениот непоразен тим во Евролигата, Жалгирис.


