Бурниот ден во тимот на Виртус е завршен со назначување на нов тренер кој ќе го замени Лука Банки.
Прв пик беше поранешниот предводник на тимот Александар Ѓорѓевиќ, но тој барал превисока плата по што менаџментот се свртел кон Саша Обрадовиќ кој неодамна доби отказ од Монако. Тој одбил, па на крајот изборот паднал на црногорскиот стручњак Душко Ивановиќ кој беше без ангажман откако на крајот од минатата сезона ја прекина соработката со Басконија.
И покрај тоа што денеска е назначен, најавено беше дека Ивановиќ нема да ја води екипата на утрешниот натпревар против Црвена Звезда, ниту во дербито со Олимпија Милано, туку на клупата ќе биде досегашниот асистент на Банки, Ненад Јаковљевиќ. Ивановиќ би требало официјално да почне со работа од почетокот на идната недела и ќе има тешка задача да ја стабилизира екипата по катастрофалниот старт на сезоната во која во Евролигата има биланс 2/11 и е на последното место, а во италијанското првенство е на 7/2 и на делба на втората позиција.
𝐃𝐔𝐒𝐊𝐎 is our new 𝐡𝐞𝐚𝐝 𝐜𝐨𝐚𝐜𝐡 🤍🫡🖤
Welcome coach! pic.twitter.com/fWY04VTNMN— Virtus Segafredo Bologna (@VirtusSegafredo) December 5, 2024


