Довчерашниот капитен на Партизан, Кевин Пантер официјално е член на Барселона која денеска го претсави преку социјалните мрежи.
Тој е прво засилување за каталонскиот клуб во пресрет на новата сезона, а потпиша договор на една година. Во тимот на Партизан помина три години и освои титула во АБА лигата, а претходно играше за Олимпија Милано, Црвена Звезда, Олимпијакос, Виртус, АЕК, Роса Радом, Антверп и Лаврио.
Барселона во новата сезона ќе има и нов тренер – Жоан Пењароја кој ќе го замени Рожер Гримау.


