Српскиот интернационалец Бобан Марјановиќ од денеска официјално е играч на Фенербахче откако потпиша договор на една година, со можност тој да биде раскинат ако до јануари кошаркарот добие понуда од НБА.
Со ова, турскиот шампион го доби највисокиот кошаркар кој претстојната сезона ќе игра во Евролигата. Марјановиќ е висок 224 сантиметри, два повеќе од Јусуфа Фал од Барселона и три од Валтер Таварес кој е член на Реал.
Српскиот центар доаѓа во Фенербахче од Хјустон Рокитс и во Европа ќе заработува драстично помалку пари отколку во НБА. Последната сезона во тимот од Тексас тој доби 2,9 милиони долари, додека во Фенербахче ќе игра за околу 400 илјади евра.


