Францускиот вицешампион Париз е единственото ново име кое ќе учествува во Евролигата идната сезона откако бордот на директори го соопшти списокот на партиципанти.
Париз влегува на местото на Валенсија која по неколку сезони во елитата, се враќа во Еврокупот. Српските претставници Партизан и Црвена Звезда и трета година по ред заедно ќе учествуваат во Евролигата, на задоволство на љубителите на кошарката во регионот.

Меѓу 18. екипи се и Алба и Виртус за кои беше неизвесно дали ќе настапат оваа сезона. Германскиот тим не сакаше да плати милион евра за учество, додека Виртус се соочи со финансиски проблеми, но тие сепак ќе бидат дел од Евролигата.


