Шпанскиот гигант Барселона објави дека на Николас Лапровитола му била извршена операција на десното колено по повредата што ја доживеа на натпреварот против Басконија во рамките на АЦБ лигата.
Тој ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, а имаше и оштетување на менискусот поради што мораше да биде извршен хируршки зафат. Паузата по повредата ќе трае десет месеци што значи дека за аргентинскиот репрезентативец официјално заврши оваа сезона и ќе биде во можност да се врати дури на почетокот на подготовките за идната.
Неговото отсуство ќе треба да го покријат Хуан Нуњес и Томас Саторански, но не е исклучено Барселона да донесе уште еден плејмејкер во своите редови.


