Шпанскиот гигант Реал Мадрид се обидува да ја засили екипата пред почетокот на новата сезона, а прва цел во моментов, според бројни европски медиуми е турскиот репрезентативец Џеди Осман.
Родениот охриѓанец е без клуб откако му истече договорот со Сан Антонио Спарс, а седум години играше во НБА лигата. Засега нема најава дека друга екипа од САД е заинтересирана за него, поради што во трка по неговиот потпис се вклучија и Партизан и поранешниот клуб Анадолу Ефес.
Осман би бил замена за Гершон Јабуселе кој неодамна го напушти Реал и се пресели во Филаделфија 76. Иако игра за турската репрезентација, Џеди Осман никогаш не криел дека е роден во Македонија, па дури на еден НБА Ол стар истрча со патики на кои го имаше македонското знаме.


