Од 9 до 12 мај, во салата „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одржи меѓународен кошаркарски турнир во конкуренција на помлади кадети (У15).
Ќе учествуваат вкупно осум екипи, од Македонија тоа се домаќинот ГКК Охрид, Работнички и МЗТ Скопје, потоа Раднички и Пролетер од Србија, Будуќност од Црна Гора, Волци од Бугарија и Олимпијакос Волос од Грција. Екипите се поделени во две групи, ќе се сретнат секој со секого, а во зависност од местото на кое ќе завршат во својата група, ќе се борат за конечниот пласман.

Ова е прв интернационален турнир во организација на ГКК Охрид, а од клубот изразија надеж дека ќе стане традиционален.


