Оклахома Сити Тандер е на само една победа од враќање во финалето на НБА. Во петтиот натпревар од финалето на Западната конференција, шампионот го победи Сан Антонио Спарс со 127-114 и поведе со 3-2 во серијата.
До клучната победа, тимот го предводеше МВП на основниот дел од сезоната, Шеј Гилџес Александер со 32 поени, додека Алекс Карусо повторно даде силен придонес од клупата, постигнувајќи 22 поени.
Актуелните шампиони имаа корист и од неочекуваниот придонес на Џаред Мекејн, кој го почна натпреварот за првпат во плејофот поради отсуството на Џејлен Вилијамс и Аџај Мичел и се истакна со 20 поени. Чет Холмгрен исто така постигна двоцифрен број поени со 16 поени и 11 скока, и Ајзеа Хартенштајн со 12 поени и 15 скока.
Стефон Касл беше најефикасен за поразените Спарс со 24 поени. Џулијан Шампањ додаде 22, а Виктор Вембањама 20 поени, но со многу лош шут од поле (4/15). Келдон Џонсон постигна 15 поени од клупата за тимот на Сан Антонио кој генерално имаше лош, промашувајќи 29 од 41 тројки.
Интересно е што на првите слободни фрлања се чекаше десет минути, но потоа играчите на двете екипи постојано беа на линија. Само во втората четвртина, тие погодија вкупно 29 слободни фрлања, што е најмногу во тој дел од играта од плејофот во „балонот“ за време на корона вирусот пред шест години. Спарс погодија 15 од 17, а Тандер беа совршени 14 од 14. Вкупно погодија 70.
🏆 PLAYOFF BRACKET 🏆
— NBA (@NBA) May 27, 2026
▪️ @okcthunder take a 3-2 series lead in the Western Conference Finals
The NBA Conference Finals presented by @Google continue Thursday with Thunder/Spurs Game 6 at 8:30pm/et on NBC & Peacock! pic.twitter.com/4nLjWvbFXm
Оклахома имаше предност од 20 поени во третата четвртина, но Спарс успеаја да се вратат на само осум поени негатива. Во тие моменти се чинеше дека се оштетени од две судиски одлуки во последната минута од четвртината. Прво, Кејсон Волас непрописно ја блокираше топката на обрачот по шутот на Лук Корнет, кој требаше да биде поништен. Веднаш потоа, топката што требаше да им биде доделена на Спарс откако излезе надвор од теренот откако беше одбиена од Холмгрен, отиде кај Тандер. Тренерот на Спарс, Мич Џонсон залудно се обиде да побара проверка бидејќи на крајот доби техничка грешка. Оклахома влезе во последната четвртина со водство од 101:91 и успеа да ја задржи, па и да ја зголеми разликата.
Шестиот натпревар од серијата е в четврток во Сан Антонио. Доколку има потреба од одлучувачки седми натпревар, тој ќе се игра в сабота во Оклахома Сити. Њујорк Никс веќе го чекаат победникот од овој натпревар во големото НБА финале. Првиот натпревар од финалето е закажан за 3 јуни, а домаќин ќе биде победникот од Западната конференција.


