На безмалку еден месец и 13 натпревари пред крајот на основниот дел од сезоната, актуелниот шампион Оклахома Сити Тандер обезбеди пласман во плејофот како прва екипа на која ѝ успеало тоа.
Со ноќешниот триумф против Орландо, Оклахома има биланс 54/15 и е со 15 победи повеќе од Феникс Санс кој се наоѓа на седмото место на табелата во Западната конференција. И да загубеше ноќеска, Оклахома сепак ќе обезбедеше пласман во плејофот бидејќи Феникс доживеа пораз на гости кај Минесота.
BREAKING: The Oklahoma City Thunder have CLINCHED a spot in the NBA Playoffs ⚡
They become the first team in the league to do so this season 🥇 pic.twitter.com/EsRAiUiKUI
— Basketball Forever (@bballforever_) March 18, 2026
Сепак, за шампионот се уште има мотиви да игра максимално сериозно и одговорно до крајот на основниот дел од сезоната бидејќи целта е да го задржи првото место на Западот, а Сан Антонио заостанува само три победи. Освен тоа, ако заврши со најдобар биланс, Оклахома ќе ја има предноста на домашниот терен низ целиот тек на плејофот.
Многу блиску до место во разигрувањето за титулата се и Спарс на кои им треба само една победа во последните 13 натпревари.


