Вечерва Олимпија Милано му гостува на Партизан во Белград, а место во белградската Арена, каде што ќе се игра натпреварот, италијанскиот шампион тренираше во друга сала.
Станува збор за салата во склоп на спортскиот центар „Дејан Милојевиќ“ кој е во сопственост на Кошаркарскиот клуб Мега. Иако не станува збор за голем објект, за Олимпија Милано беше од големо значење тренингот во оваа сала поради што клубот се огласи и на социјалните мрежи.
Practice today was in the Mega’s Belgrade gym where so many basketball stars have played including the great Nikola Jokic#insieme #ForzaOlimpia pic.twitter.com/A4QvmM9bEO
— Olimpia Milano (@OlimpiaMI1936) November 14, 2024
„Трениравме во салата на Мега во Белград каде играле многу кошаркарски ѕвезди, вклучувајќи го големиот Никола Јокиќ“, објави Олимпија Милано.
Вечерашниот натпревар се игра од 20:30 часот, а двете екипи се наоѓаат во долниот дел на евролигашката табела, на позиции кои не водат во плејофот.


