Иако во текот на сезоната имаше неколку одлични натпревари и е вицешампион од лани, Олимпијакос не е фаворит за титулата во Евролигата.
Порталот Баскет Њуз направи анкета во која учествуваа 14 евролигашки кошаркари и ниеден од нив не одговори дека Олимпијакос ќе биде нов европски првак. Актуелниот грчки шампион во полуфиналето се среќава со Реал во реприза на ланскиот финален меч, додека во другиот дуел играат Панатинаикос и Фенербахче.
Од анкетираните 14 кошаркари, половина сметаат дека Реал ќе ја одбрани титулата и по 12. пат ќе стане европски првак, четворица го гледаат Панатинаикос на тронот, а тројца – Фенербахче. Играчите кои прогнозираа се од екипите кои не учествуваат на завршниот турнир во Берлин.


