На два дена пред гостувањето во Белград кај Црвена Звезда, грчкиот вицешампион Олимпијакос донесе засилување на центарската линија по големите проблеми со кои се соочи.
Нов играч на „црвено-белите“ од Пиреја е интернационалецот од Гана, Нејтан Менса кој има искуство од играше во НБА лигата бидејќи настапил за 25 натпревари за Шарлот. Тој треба да го пополни просторот под кошевите откако Олимпијакос остана со само еден центар – Никола Милутинов по повредите на Мозес Рајт и Мустафа Фал. За Рајт заврпи оваа сезона, а никој не знае кога Фал ќе се врати во екипата.
Олимпијакос се наоѓа на третото место во Евролигата со биланс 9/5, но доживеа два пораза во последните три меча.


