И покрај тоа што го наполни тимот со мега-ѕвезди, Олимпијакос не ја почна новата сезона според очекувањата.
По четири кола има биланс 2/2, но поради израмнетоста на екипите во елитното натпреварување, заостанува само една победа зад водечкиот квинтет и многу брзо може да се врати во игра. Сепак, тренерот Барцокас треба да биде загрижен од осцилациите во играта на неговиот тим кој на гостувањето кај Анадолу Ефес водеше повеќе од 35 минути, имаше и +15, но на крајот загуби.
Со тоа, тимот од Пиреја ја продолжи серијата лоши резултато против Ефес во Истанбул. Во „Синан Ердем Дом“, Олимпијакос нема победа од 22 декември 2017 година кога славеше со 61-58, благодарение на Василис Спанулис кој постигна 12 и Холис Томпсон кој реализира 11 поени.
Нова шанса за евентуално да ја прекинаа таа серија, Олимпијакос ќе има ако го добие Анадолу Ефес во плејофот, во спротивно ќе мора да чека до идната сезона.


