Иако веќе две недели тренира со својот нов клуб, македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ уште не е официјално промовиран во дресот на Олимпија Милано.
Промоцијата ќе се одржи на 11 септември во Милано, а покрај Димитријевиќ ќе бидат претставени и останатите летни засилувања на клубот. Италијанскиот клуб летово се засили уште со Фабиен Козер, Леандро Болмаро, Армони Брукс, Зек Ледеј, Усман Диоп, Џош Нибо и Дејвид Мекормак.

Димитријевиќ првпат во кариерата ќе игра во италијанското првенство откако претходно настапуваше во Шпанија, во Хувентут и Валенсија и во Русија, во Уникс.


