Италијанскиот шампион Олимпија Милано ќе биде драстично ослабен на натпреварот од претстојното коло од Евролигата, против Партизан.
Тимот ќе биде без дури петмина важни кошаркари, вклучувајќи го и можеби најдобриот во тимот Никола Миротиќ кој има гастроентеритис.
„Миротиќ ќе мора на лекување за да ги поврати загубените килограми и енергијата. Нејпир во саботата почна да оди, Флакадори исто така не може да игра, а Тонут се повреди додека играше за италијанската репрезентација“, изјави тренерот Еторе Месина и додаде дека во конкуренција нема да биде ни Алекс Појтрес.
Натпреварот се игра в петок од 20:30 часот, а е од големо значење за двете екипи во борбата за пласман во топ-10.


