Аргентинскиот репрезентативец Лука Вилдоса го напушти Панатинаикос по само една година помината во тимот, година во која освои титули во грчкото првенство и во Евролигата.
Негова следна станица е најлутиот ривал на ПАО, Олимпијакос со кого искусниот кошаркар потпиша договор на две сезони за вкупна сума од 2,5 милиони евра. Лани Вилдоса се пресели од Црвена Звезда во Панатинаикос со кого се обврза на тригодишна верност, но не се погоди енергијата со тренерот Ергин Атаман и разделбата беше неизбежна.
Трансферот на Вилдоса од Панатинаикос во Олимпијакос одекна како бомба во грчката кошарка и доаѓа една година откако во спротивна насока замина Костас Слукас. Клубот од Пиреја делумно се одмазди за болката што им ја нанесе тој премин, а дали Вилдоса ќе донесе ист резултат како Слукас, ќе се знае во сезоната што претстои.


