Италијанскиот шампион Олимпија Милано славеше вечерва во дуелот со прволигашот на Израел со 83-81, во еден од последните подготвителни натпревари пред стартот на новата сезона.
Драматичниот дуел беше решен во финишот во кој Козер постигна клучна тројка, а се истакнаа Шевон Шилдс со 22 поена, Зек Ледеј со 16 и Никола Миротиќ со 13. Пред Олимпија Милано е само уште настапот на турнирот во Крит идниот викенд каде ќе се сретне со Фенербахче и Виртус или Олимпијакос и тоа ќе биде генерална проба пред Суперкупот на Италија кој е на програмата на 21 и 22 септември.
Денеска на теренот не се појави македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој доби поштеда по напорната недела во која одигра два натпревара со Олимпија Милано и учествуваше на меморијалниот меч во чест на Дражен Петровиќ во Загреб.


