Македонската женска репрезентација загуби со 57-125 на гостувањето во Данска, во четвртото коло од квалификациите за Европското првенство.
Данките очигледно беа многу мотивирани да се одмаздат за поразот во Скопје, па запнаа со сите сили против ослабената македонска селекција која во однос на тој прв дуел, во своите редови ги немаше најдобрите – Митрашиновиќ, Кметовска и Николиќ. Нивниот гнев особено беше видлив во финишот кога победникот беше решен, но тие згазија до крај.
Македонската репрезентација беше рамноправна во првата четвртина бидејќи иако противникот отвори со 7-0, нашите кошаркари не дозволија да направи повисока разлика. Почнувајќи од вториот период, на теренот постоеја само Данките, а нивната доминација особено беше видлива во второто полувреме.
Тие 20 минути домаќинот ги доби со 69-24 и тука ја направија најголемата разлика. Во последните три четвртини, Македонија постигнаа по 12 поени.
Безмалку половина поени во македонската репрезентација (27) беа дело на натурализираната Мерит Хемпе. Од останатите, само уште Селцова имаше двоцифрен ефект (10), заедно со уште шест скока и пет асистенции. Следниот натпревар, Македонија го игра в сабота од 14:30, во Солун против Грција.


