Селекторот на турската репрезентација Ергин Атаман беше видно возбуден и среќен по денешниот триумф против Грција во полуфиналето од Европското првенство.
Турците имаат неочекуван херој во кошаркарот на Анадолу Ефес, Ерџан Османи кој погоди шест тројки од осум обиди и постигна 28 поени, но и го запре најдобриот грчки играч Јанис Адетокунбо кој остана на само 12 поени. Токму на него се осврна Атаман во својата изјава по натпреварот, прогнозирајќи дека за него ќе има интерес од НБА екипи.
„Османи одигра одлична одбрана против Јанис и мислам дека мојот пријател, генералниот менаџер на Анадолу Ефес, Исмаил Шенол ќе биде во голем проблем бидејќи многу екипи од НБА ќе го бараат Ерџан за да го запре Адетокунбо. Мислам дека е многу среќен во Ефес, а денеска заврши голема работа со паметна и агресивна одбрана против Јанис“, рече Атаман.
Османи е роден во Албанија, но цела професионална кариера ја помина во Турција, од Бандирма, преку Бешикташ и Дарушафака до Анадолу Ефес каде игра од 2023 година.


