Рокот за аплицирање за организација на Европското кошаркарско првенство во 2029 година заврши, а кандидатури до ФИБА поднеле осум држави.
Естонија, Финска, Германија, Грција, Литванија, Холандија, Шпанија и Словенија се во трката за организација на шампионатот, а довербата ќе ја добијат четири од нив, каква што е практиката од 2015 година. Организаторите ќе бидат објавени во мај 2025 година откако ќе го поминат ригорозниот процес на селекција.
Од кандидатите, само Естонија и Холандија досега не биле домаќини на континентален шампионат. Пет од останатите, со исклучок на Финска, не само што биле (ко)домаќини, туку имаат и европски титули.


