Денешниот развој на настаните со бугарскиот репрезентативец Александар Везенков ѝ оди во прилог на Црвена Звезда и амбициите на белградскиот клуб.
Денеска, една од главните теми во српските медиуми беше наводното доаѓање на Филип Петрушев во Звезда, информација која ја демантираше менаџерот на кошаркарот, Мишко Ражнатовиќ. На социјалните мрежи тој напиша дека немало преговори со Звезда и нема да ги има додека Олимпијакос не се засили на позицијата 4.
Со оглед на тоа што Везенков сега е слободен играч, многу веројатно ќе се врати во тимот од Пиреја, а со тоа ќе се отвори вратата за Петрушев да си замине оттаму и да се врати во Белград. Медиумите во Грција тврдат дека е само прашање на време кога Везенков ќе потпише за Олимпијакос и веројатно и тогаш Петрушев, кој е во српската репрезентација, ќе биде претставен во Звезда.

