Поранешниот тренер на Денвер Нагетс, Џорџ Карл остро го искритикува составот од Колорадо за резултатите што ги постигнува оваа сезона.
Денвер го има најдобриот играч во лигата, а се наоѓа на деветтото место на табелата во Западната конференција и сето тоа поради просечните кошаркари кои се наоѓаат во екипата. Ниеден од нив не е ни блиску до нивото на Никола Јокиќ што очигледно му преку на Карл и тој го крена гласот против тоа.
„Јокиќ би требало да ја игра последната четвртина сам. Ова што Нагетс му го прават во неговите најдобри години би требало да биде кршење на некои правила на НБА. Екипата пропаѓа, а ќе има четирикратен МВП бидејќи тој е толку доминантен. Но, дали воопшто некој може да биде МВП ако не се пласира во плејоф?“, се обрати Карл преку социјалните мрежи.
Кога Денвер ја освои шампионската титула, Џамал Мареј играше во одлична форма, а тука и беше Кентавиус Колдвел Поуп кој потоа си замина и остави голема дупка бидејќи се работеше за исклучително важен играч. Менаџментот не донесе соодветна замена, а и не направи ништо за да го засили тимот, односно да најде играчи кои би можеле да му помогнат на Јокиќ. Затоа сега се останува на српскиот ас кој колку и да е квалитетен не може сам да победува, па Денвер во моментов има биланс 11/10 и се наоѓа далеку од врвот.


