Екипата на Партизан полека ја крева својата форма и првпат оваа сезона оствари низа од три победи во Евролигата.
„Црно-белите“ вечерва го победија Жалгирис со 84-78 во 13. коло и сега се со биланс 5/8. Пред неполни две недели, Партизан на своето конто имаше самао две победи, а се се смени по триумфот против Црвена Звезда кој беше почеток на сегашната серија.
Вечерашниот меч беше исклучително израмнет за што најдобро зборува податокот што ниедна од екипите немаше повисока предност од осум поени предност. До неа стигна Партизан во првото полувреме кога имаше 32-24, но таа брзо беше стопена. Жалгирис ја имаше контролата над резултатот во третиот период за во последниот белградскиот тим да отиде на +7 (76-69) што беше недостижно за гостите.
Карлик Џонс беше прво име на натпреварот со дабл дабл од 19 поени и 10 скока. Вокер го предводеше Жалгирис со 26 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес – Баерн 101-90
Асвел – Реал 80-78
Макаби – Париз 81-93
Панатинаикос – Барселона 90-89
Басконија – Фенербахче 88-76
Партизан – Жалгирис 84-78


