Раководството на Лос Анџелес Лејкерс го отпушти тренерот Дарвин Хем, само два дена по елиминацијата во првата рунда на плејофот.
Такво беше се очекуваше по очајните настапи на тимот во серијата од Денвер, а денеска доби потврди лично од франшизата од Лос Анџелес.
„Ги цениме напорот на Дарвин и неговите резултати во овој период, особено ланскиот пласман во финалето од Западната конференција. Му благодариме за посветеноста и позитивниот став и ова беше исклучително тешка одлука за нас, но во моментов секако најправилна. Лејкерс остануваат насочени кон освојувањето шампионски титули“, изјави генералнииот менаџер Роб Пелинка.
Ангажманот на Хем во Лејкерс беше прв за него како главен тренер во една екипа откако претходно работеше како помошник во Атланта и Милвоки. На клупата помина две години, а лани го однесе тимот во финалето од Западната конференција каде доживеа дебакл од Денвер со 0-4.


