Кошаркарскиот турнир, во машка и во женска конкуренција, е најгледан во историјата на олимписките игри, соопшти ФИБА.
Натпреварите во Лил и Париз, вкупно ги гледале 1.078.319 гледачи со што е надминат досегашниот рекорд кој важеше 28 години, од Атланта 1996, а кој изнесуваше 1.068.032 гледачи. Од ФИБА истакнуваат дека рекордот добива на значење ако се знае дека во однос на Атланта, сега се одигрни 40 натпревар помалку во двете конкуренции поради промената на системот на натпреварување. Порано олимпискиот победник мораше да одигра најмалку осум натпревари, а сега само шест.
Главна причина за овие бројки е фактот што групната фаза се играше на стадион, адаптиран во кошаркарска арена со капацитет од над 27 илјади места. Во Берси тој е двојно помал, нешто над 13 илјади, па просекот изнесува 20.737 гледачи.
Олимписки шампион во двете конкуренции станаа репрезентациите на САД кои во финалните дуели ја победија Франција. За машката селекција, тоа беше 17., а за женската 10. шампионска титула.


