Денешниот натпревар од У14 лигата на Македонија ќе остане запиша во историјата на кошарката во земјава.
Во Кале се сретнаа пионерските екипи на Работнички и Црн Дрим, во рамкките на првенството во оваа конкуренција, а победи тимот од Струга со 130-84. Натпреварот го одбележа играчот на Црн Дрим, Дион Шабани кој постигна 110 поени што е нов рекорд во македонската кошарка. Претходниот го држеше Даниел Бутемер од Водно Санс кој пред крајот на 2022 година постигна 105 поени.
На Шабани ова не му е прв ваков натпревар. Во октомври 2023 година, во дуелот со Феникс од истата конкуренција, постигна 88 поени, во победата против Феникс со 94-90.
Тинејџерот е дел од У14 репрезентацијата на Македонија која наскоро ја очекува меѓународен турнир во Романија, под водство на селекторот Тео Митевски.