Викендов на островот Родос се игра Суперкупот на Грција, а актуелниот европски шампион нема да биде во најсилен состав во обидот со трофеј да ја почне новата сезона.
Тренерот Ергин Атаман одлучи да не го поведе најголемото летно засилување Џеди Осман, со образложение дека не сака да ја нарушува хемијата во екипата, создадена минатата сезона. Охриѓанецот последен го засили Панатинаикос, пред неполни две недели и не е исклучено да не се наоѓа во најдобра форма, а секако ќе му треба повеќе време за да се вклопи во тимот.
Во полуфиналето од Суперкупот, ПАО игра против Арис, утре од 17:15 часот, а втората двојка ја сочинуваат Олимпијакос и Перистери.


