Грчкиот вицешампион Панатинаикос ќе ја пречека Барселона во 31. коло од Евролигата, а иако натпреварот се игра на 22 март, билетите се веќе распродадени и се очекува полна арена.
На осум кола пред крајот на основниот дел од сезоната ПАО се наоѓа на делба на третото место на табелата во елитното европско натпреварување, а пред него е токму Барселона. До мечот против каталонскиот тим, Панатинаикос на домашен терен игра и против Асвел, но се знае дека клучниот меч пред своите навивачи во овој период го игра против Барселона.
Ситуацијата на табелата во Евролигата е мошне интересна бидејќи екипите од третата до седмата позиција се на една победа разлика и секој пораз може да предизвика голем пад.


